Сутерен.мк

На што да внимавате при првата средба?

Кога сте на првиот состанок со потенцијалниот партнер обратете внимание како тој/таа се однесува кон вас и останатите. Доколку не ги почитува вашите граниџи, брзо ги менува расположенијата, груб е кон персоналот… Веројатно така ќе биде и во иднина.

Екстремноста е вообичаено црвено знаменце при запознавањето. Доколку ви открива на првата средба премногу лични податоци, тоа може да значи дека има проблем со контролата на своите емоции. Исто така, ако неумерено ги критикува другите, може да значи дека има голема потреба за контрола или неможност да прифати одговорност.

Претераното размислување што да нарача во ресторанот или кафулето обично укажува на ниска самодоверба и тешкотии со носењето одлуки.

Ако вашиот соговорник зборува само за себе и не покажува интерес за вас, многу веројатно е дека тој/таа секогаш ќе се става себе си на прво место и дека нема да сака да се прилагоди. Од друга страна, ако само молчи, значи дека има проблем со споделување на своите чувства и тоа може да биде пречка во функционирањето на врската.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *