Сутерен.мк

Неверојатни историски совпаѓања!

Гилотината и „Војна на ѕвездите“

Последното погубување со гилотина во Франција е извршено многу кусо после премиерата на филмот „Војна на ѕвездите: Епизода 4: Нова надеж“, во 1977 година.

Оксфорд и царството на Астеките

Англискиот универзитет Оксфорд постои од 1096 година, а древното царство на Астеките е основано дури околу 1430 година.

Франко и Мајкрософт

Од 1936-та до 1975 година со Шпанија владееле Франциско Франко, фашистички диктатор. Во исто време, на другата страна на светот, Американците Бил Гејтс и Пол Ален го основале Мајкрософт.

Ван Гог и Нинтендо

Додека Винсент Ван Гог ја сликал „Ѕвездена ноќ“ во 1889 година, основана е корпорацијата „Нинтендо“.

Ајпод и ропството

Во 2001 година, Стив Џобс ја лансираше првата верзија на Ајподот. Кога беше лансирана шестата генерација на апаратот, укинато е ропството во Мавританија.

Мамутите и пирамидите

Пирамидите се изградени помеѓу 2250 и 2490 година п.н.е., додека се уште по земјата чекореле бушавите мамути.

Византија и Колумбо

Крајот на Источното римско царство се случува во 1453 година, а Кристофор Колумбо се истоварува на тлото на Америка во 1492 година.

Ана Франк и Мартин Лутер Кинг

И двете историски икони, Ана Франк и Мартин Кутер Кинг јуниор родени се во 1929 година.

Харвард и Луј 16

Најстариот американски универзитет во Америка, Харвард, основан е во 1636 година. Две години подоцна, роден е Луј 16 кој станал рал на четиригодишна возраст.

 Мачу Пикчу и Сикстинската капела

Според археолошките истражувања, Мачу Пикчу е изграден во 1450 година. Сикстинската капела почнала да се гради 23 години подоцна.

Ганди и Хитлер

Махатма Ганди и Адолф Хитлер живееле во исто време. Ганди дури му напишал и писмо на Хитлер молејќи го повторно да размисли за војната. Хитлер умрел во 1945 – та, а Ганди е убиен во 1948 година.

Њутн и вештерките

Речиси во исто време се случува нешто многу научно и нешто многу суеверно: Исак Њутн во 1686 година засекогаш ќе ја смени физиката објавувајќи ги трите закона за движењето, а пет години подоцна започнува судењето на вештерките од Салем!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *