На северот на Шведска се забележани 40 сантиметри снег, што во ова време не се случило повеќе од еден век.
Метеоролошката служба издала портокалово предупредување на снег и ветар во комбинација со врнежи од снег во делови од внатрешноста на северен Норботен, пренесуваат локалните медиуми.
Некои градови прилично побелеле, а во Кируна во Лапонија биле измерени до 40 центиметри снег, што е најголема количина во овој дел од годината во последните 118 години.
Локалниот сообраќај е привремено сопрен, како и училишните автобуси во центарот на Кируна и Јукасјарви.
Шведскиот септемвриски рекорд за висина на снег е 62 центиметри во Сосјо во Јамтланд, а толку снег паднало на 28-ми септември 1954-та година.