Сутерен.мк

Некому па, до „бразилска“ му дошло!

Имам момче со кое се забавувам веќе една година и до сега ми се чини, се совршено функционираше. До неодамна. Имено, во последно време му е пикната в глава идејата дека би било многу супер и возбудливо да направам „бразилска депилација“! Дури ми нашол и козметички салон, во време на пандемија (!?) каде Што можам да го сторам тоа. Многу чудно, нели!? Сакам да му угодам, ама зошто пак, го сака тоа!? Можеби сум му досадила!?

Јасна, 26, Скопје

Јасна дарлинг, во вашиот живот Број 1 сте вие и само вие одлучувате кога, како и дали ќе му угодите некому и најважно – зошто! За мажите сексот е како зачин во јадењето, додаток што на нивниот живот му дава единствена и финална смисла!

Вашиот момак слушнал, видел и решил да проба. Сигурна сум дека не се работи ни за здодеаност ниту за некакви скриени намери. Машкиот мозок едноставно не функционира конспиративно, кога е во прашање сексот. Премногу им значи овој нагон за да губат време да го употребуваат во смислување на социјални перипетии.

Доколку сте расположени да го сторите тоа – сторете го. Тој ќе биде среќен, а вие уште повеќе, што сте го усреќиле. Прашањето не е тоа, ама „совеста“ ми налага да подрдорам уште малку на оваа тема.

Важам за личност со либерални ставови по многу прашања дури и ми префрлаат за наводна раскалашеност, но искрено да ви кажам, откако се подраспрашав што значи тоа „бразилска депилација“, ми проработеа конзервансите: а бре девојко, па тоа било невиден кулук!? Затоа и толку поделени мислења за фамозново ослободување од вишокот влакна.

Малку ли е стресот што одиме на гинеколог заради здравствена превентива туку треба и доброволно да дозволиме некој тотален анонимус да ни буричка и загледува таму каде што ни самите не се осмелуваме!? Која е таа убавина и задоволство што вреди за маката!? Земете некоја депилациска крема и дома, во купатило завршете ги интимните работи. Затоа се викаат и интимни. Освен тоа, од топли депилации старее кожата – на сите делови од телото!

Како и да е, кога јас би го направила овој ваш таканаречен третман, дебело би го наплатила: ако е за сопруг има да чисти и готви едно месец дена по дома, а ако е дечко или швалер, очекувам многу, ама стварно мнооогу скап подарок…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *