Пред самото отворање на Филмскиот фестивал во Кан, организаторите одлучија да ги заострат правилата поврзани со (с)облекувањето на црвениот тепих. Фестивалот започнува в петок, а новите правила значат дека дамите ќе мора повнимателно да ги избираат своите свечени комбинации.
„Голотијата е забранета на црвениот тепих, како и во другите области каде што се одржува фестивалот“, се вели во официјалната одлука, која ја пренесуваат странските медиуми.
Исто така, истакнато е дека пристапот до фестивалот ќе биде оневозможен на секој што не ги почитува наведените правила.
Сè уште не е познато дали телевизиските куќи, кои го емитуваат настаните, имале влијание врз оваа одлука.
А 78-то издание на фестивалот ќе се одржи од 13 до 24 мај.