Сутерен.мк

Непознати факти за Шерон Стоун

Своите мемоари „Убавината во да се живее два пати“ Шерон Стоун ги објави лани, но цитати од нив и понатаму објавуваат светските медиуми…

*Шерон Стоун потекнува од многу скромно семејство, во детството одела од врата на врата за да продава тави и тенџериња.

*Во својата осма година била сведок на сексуален напад од страна на дедо и врз нејзината помлада сестра.

*Кога била тинејџерка ја удрил гром додека ја пеглала својата келнерска униформа. Од тогаш, отчукувањата на срцето и се неправилни.

*Со неполни 18 години забременила од тогашното момче, а абортусот длабоко ќе ја погоди.

*Пред улогата во „Основен инстинкт“ (нејзиниот 18-ти филм), имала 32 години и не баш добри понуди за проекти. Тогашниот менаџер и рекол дека никој не ја вработува бидејќи сите мислат дека не е секси.

*После отстранувањето на туморот на дојката, хирургот задолжен за реконструкција и вградил големи гради – Шерон била тотално незадоволна.

*Во 2001-ва доживеала мозочен удар и и прогнозирале еден отсто шанси за преживување. Ова го дознала од списанието „Пипл“.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *