Филмот е базиран врз искуствата на Лорен Вајсбергер која работела за Ана Винтур, главната уредничка на американскиот култен магазин „Вог“ и подготовките занеговото снимање започнале и пред да биде објавена книгата на Лорен.
Ен Хатавеј не била првиот избор за улогата на Енди Сакс, туку дури деветиот! Продуцентите многу ја сакале Рејчел Мекадамс за овој лик, која ги одбила дури три пати!
Ниту Мерил Стрип не била веднаш во игра за улогата на Миранда. Пред неа, за неа се разговарало со Мишел Фајфер, Глен Клоуз и Кетрин Зета Џонс.
Мерил Стрип за цело време на снимањето на филмот не „излегувала“ од улогата: патака, кога другите актери се забавувале за време на паузите на сцените, таа останувала „депресивна и намќореста“.
Никој од модниот свет не сакал да соработува со костимографката Патриша Филд зада не се замери со Ана Винтур. Оние кои го „скршиле мразот“ се Жизел Бундшен и – Прада!
Винтур всушност, најмногу ја налутило што на сценографот му успеало толку веродостојно да ја прикаже нејзината канцеларија. После премиерата, Ана целосно го реновирала својот работен простор.
Интернет публиката е едногласна дека Нејт, дечкото на Енди Сакс е вистинскиот негативец во филмот. Дури и актерот Адријан Грениер призна дека неговиот лик не можел да прифати како девојка му пораснала, а со тоа и потребата за повеќе од животот отколку дружењето со Нејт.