Кога ја започнувал актерската кариена на свои дваесеттина години, менаџерот му сугерирал на Кијану Ривс да си го смени името за полесно да најде работа. Кијану се согласил и му предложил да се вика Чарлс Спадајна или Темплтон Џејмс Тејлор. Менаџерот после ова се откажал од менаџирањето на неговото име.
Лејди Гага отсекогаш била ексцентрична, но исгледа врвот го има достигнато во 2010 гога купила машина за детектирање на духови што чинела педесет илјади долари. Гага инаку, верува дека е реинкарнација на својата покојна тетка и дека долго време ја прогонувал дух по име Рајан?!
Рајан Гослинг е дел од портанешната тинејџерска ергела на Дизни, заедно со Бритни Спирс и Кристина Агилера. Додека снимал за нив („Клубот на Мики Маус“), се дружел и бил комшија со „Бекстрит бојс“, кои му предложиле да им се придружи во нивните аудиции за градење на евентуалната идна кариера. Овој ги одбил, сметајќи ги за лузери…
Неповторливиот Метју Меконахи страда од ентамофобија. Тоа е, верувале или не, страв од оние ротирачки врати што често ги има во трговските центри и други јавни згради. Ете.