Имав врска две години и наеднаш се прекина. Веќе со месеци се обидувам да се опоравам од тоа, но не успевам да воспоставам емотивна близина со некого. Еден по друг и со никого не бива?
Изи
Изи дарлинг, паниката дека сте изгубени и победени предизвикува една хистерична крајност – комуникација со секого, секаде и во секое време. Што резултира со моментно чувство на привидна моќ, по што следи длабока празнина, каење и горчливо сеќавање.
Тотално исцрпените личности од тукушто прекинатата љубовна романса се лесен плен за предаторите кои едвај чекаат да добијат секс без ни малку труд. Следното утро, после ваквите порази неодминливо е споредувањето и дека ви било подобро со бившиот.
После секој проект треба да се одмори. Дајте си време за себе. Здивнете. Тоа е основно право на секој патник…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)