Сутерен.мк

Несекојдневна соработка!

Мик Џегер и Дејв Грол се здружија за да снимат сингл со наслов „Eazy Sleazy“…

Како што пренесува NME, оваа песна претставува изненадување за сите фанови, а на Јутјуб е објавена вчера попладне.

Песната ја напишал Џегер во текот на карантинот поради пандемијата коронавирусот. Тој пее и свири гитара во оваа нова рок колаборација, а основачот на бендот Foo Fighters и некогашниот тапанар на Нирвана е задолжен за гитара, бас и тапани.

И двајцата музичари велат дека се воодушевени од соработката, а Грол нагласи дека со ова му е остварен дамнешен сон и дека песната ќе биде хит во претстојното лето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *