Сутерен.мк

Не освои медал, но ја обедини Македонија

Мила Рељиќ имаше одличен настап на Олимписките игри во Париз, каде на таеквондо турнирот покажа дека е подготвена за соочување со реномирани ривалки уште на 21-годишна возраст.

Македонката дебитираше на големо натпреварување какво што е ОИ со победа над двократната олимписка шампионка, Џејд Џоунс, а потоа во четвртфиналето загуби во еден израмнет дуел, во кој нијанси одлучуваа која натпреварувачка ќе продолжи во борбата за медали.

Тренерот на Рељиќ, Александар Ефтимов, во својот прв коментар за вчерашните борби го оценува настапот како успешен и очекува да биде мотив повеќе за идните настапи на нашата олимпијка.
– Со успех се враќаме од ОИ, дадовме се од себе да ја претставиме Македонија во добро светло.

– Во првата борба се боревме против нашиот идол Џејд Џоунс, двократна олимписка шампионка, неколку пати светска и европска медалистка, една од најдобрите во историјата на таеквондото.

– Штета што во втората борба нијанси одлучуваа да не се пласираме во следната фаза, но тоа е спортот. Не освоивме медал, но според реакциите на медиумите и јавноста, ја освоивме Македонија и ја обединивме спортската јавност и се надевам дека тоа ќе донесе дополнителна поддршка за иднината и поголеми успеси, – вели Ефтимов.
Тројца македонски таеквондисти до сега успеале да совладаат олимписки шампиони, а тоа се Дејан Георгиевски, Филип Додевски и Мила Релиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *