Сутерен.мк

Не тагувам за младоста, жалам по иднината

Фејсбук с(р)еќавања…

Која е разликата помеѓу нешто и ништо? Нештото постои, а ништото не, нели!? Дали е тогаш подобро да бидеш или да не бидеш односно, да имаш или да немаш!?

Подобро е да имаш отколку да немаш. Освен, кога имаш па немаш, тогаш е подобро да немаш па да немаш.

Сепак, колку и да е подобро да имаш среќа или ум, можеби е подобро да немаш грижа или забоболка! Дали е подобро да имаш или немаш обврски, одговорност, страв…?

Формално, имањето делува подобро од немањето, но во суштина е важно Што имаш, односно немаш, а не Дали нешто имаш или немаш!

А што е со она – да се биде или не!? Да го немаше прашањево половина од светската филозофија и книжевност немаше ни да се создаде!

Дали сте подготвени да велите Сакам и кога не сте баш сигурни што добивате? Тоа е постоењето. Стално се добива нешто од нешто, но ги има и оние кои се на линијата на сигурноста, па добиваат – ништо од ништо. А ништо и ништо, на крајот е едно големо – Ништо.

*  *  *  *

Можеш ти и поглупо Маќедоњо, можеш! Само залетај се уште еднаш со сета сила и ете, прекидачот под прстите ти е!

Па, на раат високите школи во цивилизираниот свет, да го воведат предметот – “Анестезираната демократија, правото, правдата, финансиите, економијата и емпатијата во една еутаназирана држава”

Или, што би рекле оние, што не игнорираат упорно:” No airbags. We die like real men!”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *