Сутерен.мк

Нивните најголеми стравови

Овен
Иако се чини дека не се плаши од никого и ништо, некаде длабоко во себе, Овенот чувствува страв од осаменост , изолација и болест, кои го преплашуваат. Постојано му треба чувството дека има на кого да се потпре и дека може да смета на некого. Не може да поднесе помисла дека е сам, без можност да ја потпре главата на нечие рамо.

Бик
Бикот се плаши да не остане без пари, не функционира додека не најде излез од финансиските проблеми. Се плаши од ситуации во кои работите треба брзо да се решат, бидејќи не му се допаѓа ризикот што може да го доведе до губење на имотот или саканата личност.

Близнаци
Тие вешто го кријат стравот исто како што вешто прават сè друго, но има работи кои можат да ги фрлат во депресија, како што се недостаток на комуникација со личноста за која се грижат, болест и немоќ кои можат да ги стават во подредена положба. Вистинските опасности и предизвици обично не ги плашат, но стравот да останат сами предизвикуваат паника.

Рак
Ракот е постојано загрижен за нешто, поради промена на времето или поради некоја лоша вест што ја слушнал. Тој има длабоко вкоренет страв од магија и непознато, а листата на стравови на типичен Рак го вклучува стравот од депресија и последиците што таа ги има врз неговата психа.

Лав
Роден да владее, Лавот не се плаши да не ја изгуби својата позиција на професионалната или социјалната скала, но навистина се плаши да не го сметаат за кукавица или да не го напуштат пријателите и оние на кои им верува. Лавот бега од помислата дека некој може јавно да го понижи, било да е тоа за ситница или важна работа.

Девица
Девицата не се плаши толку од болести како што мисли околината, бидејќи таа најмногу се грижи за своето здравје. Нејзиниот вистински страв е поврзан со стравот од губење на контролата над себе и своите најблиски, бидејќи Девицата тоа го гледа како своја должност, без која би ја изгубила улогата на дежурен надзорник.

Вага
Вагите се секогаш на стража бидејќи се плашат дека нема да ви се допаднат доволно или нема да ги забележите. Навикната на постојано внимание и восхит од околината, таа најмногу се плаши од скандали или јавно исмевање. Тој е преплашен и да зборува за болести, резултати од лабораториски наоди, бидејќи всушност е поголем хипохондрик од Девица.

Шкорпија
Иако се плаши од малку затоа што е многу храбра, а во исто време е подготвена да издржи болка и тешкотии, без разлика какви се тие, и Скорпијата ја има својата Ахилова пета. Таа се плаши од стареење, губење интерес од спротивниот пол и сексуална импотенција. Страшно е да се мисли дека саканата личност може да биде неверна.

Стрелец
Стрелецот се плаши од предавство, сплетки и интриги кои можат да му го загорчат животот, особено на деловен план, па затоа е многу внимателен. Се плаши од неправда и секаков вид насилство, па потсвесно ги избегнува претставниците на власта и луѓето во униформа. Секогаш е малку сомничав во начинот на живот на својот емотивен партнер.

Јарец
Јарецот се плаши од губење на честа, што според него не може да се спореди со ништо. До тој степен се грижи за здравјето на својот емотивен партнер што ќе се жртвува за него дури и на сметка на сопствената издржливост. Јарецот донекаде се плаши од се што доаѓа од други средини, земји или градови бидејќи е тешко да го убедите во нешто што не го видел со свои очи или за кое нема мислење врз основа на сопственото искуство.

Водолија
Најмногу се плаши од просечност или споредба со другите , бидејќи Водолијата мисли дека е единствена. Иако делува недопирливо, донекаде арогантно и препотентно, како никој ништо да не и може, таа се плаши и да не го загуби професионалниот углед и социјалниот статус, која било работа да ја работи.

Риба
Рибите се еден од најамбициозните знаци, па затоа најмногу се плашат од губење на авторитетот, особено во професионална смисла. Стравот дека некој може да ги престигне во нешто или да биде подобар во моментот кога ќе се реши нивниот напредок е поголем од кој било друг што го чувствуваат Рибите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *