Молчејќи, со фотографиите од загинатите чеда во рацете, родителите, семејството, пријателите и јавноста излезе на осмиот по ред марш преку кој се упатува порака дека се чека правда. Зад родителите, транспаренти. Овојпат со порака до јавноста: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“. На протестот освен жители на Кочани, дојдоа и од другите градови.
Ова е осми по ред марш кој го организираат. Тие не ја кријат болката, а очекуваат јавноста да ја почувствува и да застане рамо до рамо со нив, за да ваква трагедија не се повтори. Постојано повторуваат дека молчат и се следат, бидејќи даваат шанса. Минатата сабота порачаа до институциите – дека трпението им е при крај.
Организаторите ги покануваат сите граѓани од источниот регион, но и од целата држава кои даваат поддршка на нивните барања, да им се придружат, додека медиумите слободно да го проследат настанот.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“во Кочани на 16 март загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.