Сутерен.мк

Никој, како Лорка!

Со новава политичка коректност, навистина е човек во небрано како да го нарече поетот, кој со децении беше и се уште е, опишуван како „цигански романсиер“?!

„Ја поведов до реката, мислејќи дека е девојка, ама таа омажена беше“, еден е од најцитираните стихови на Федерико Гарсија Лорка, роден токму на денешен ден, во Гренада, Шпанија во 1898 година.

Во Мадрид студирал право и се дружел со Луис Буњуел и Салвадор Дали…

Сликал (главно, автопортрети) и ја замразел засекогаш публиката т.е. јавноста откако неговата прва драма за љубовта помеѓу бубашвабата и пеперутката („Злата клетва на пеперутката“) била исмеана и оттогаш, па се до смртта сметал дека театарскиот аудиториум е еден од најпростиот на светот!

Најпознатата книга на Лорка е збирката поезија „ Цигански романсиер“ (1928 година), која се состои од 18 песни за кои и самиот тој велел дека се „ изрезбарен олтарски дел“!

Лорка не криел дека е хомосексуалец, но таа отвореност секако дека имала цена, во тоа време, а што е најтажно и денес.

Неколку години живеел удобно во Њујорк каде што забележал успешна кариера во театарскиот свет.

На 19 август 1936 година, фашистите го фаќаат во родниот град, го стрелаат и телото му е фрлено во необележан гроб. Главното обвинение е дека го омаловажувал шпанскиот народ, а вистината е дека на тогашниот диктаторски режим не му се допаѓал неговиот слободен дух, ниту храброста тоа и да го покаже.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *