Мислам дека сте многу прости, вулгарни и впрочем, недостоинствени. Вакво четиво е навреда за мене.
Биља
Биља дарлинг, сосема ја разбирам нелагодноста на категоријата на луѓето кога ги читаат овие редови, на која вие припаѓате, а која несомнено, пораснала проучувајќи го „Феноменологија на духот“ од Хегел. Во согласност со тоа елитно образование искрено ви ги препорачувам – со ризик да ја навредам вашата продуховеност и виша интелегенција – и полајт варијантите како делата на Јохан Готлиб Фихте или Фридрих Вилхелм Јозеф фон Шелинг.
Всушност, мислам дека баш вас ќе ви легне потаман еден Епикур.
Патем, белким сте толку социјално писмени за да знаете дека во секоја омраза се крие страв и завист, а богами и себепрепознавање…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)