Сутерен.мк

Нобеловата за мир и приклученијата

Нобеловата награда за мир може да заврши во рацете на белоруската дисидентка во егзил Светлана Тихановска, климатската активистка Грета Тунберг или „Репортери без граници“, велат норвешките експерти.

Добитникот на наградата од еден милион долари го избира петчлена комисија назначена од норвешкиот парламент, која ќе биде објавена на осми октомври.

За наградата се номинирани вкупно 329 кандидати

Патем, на денешен ден, во 1888 година роден е германскиот новинар Карл фон Осјецки, добитник на Нобеловата награда за мир во 1935 година. Имено, тој открил дека Германија повторно се вооружува пред Втората светска војна. Првпат бил уапсен во 1931, а вторпат во 1933 година по доаѓањето на нацистите на власт.
Бил затворан во концентрациони логори, а во 1938 година умрел од повредите здобиени во логорите.

Адолф Хитлер пак, се нашол на листата со номинирани во 1939 година, само три месеца пред Германија да изврши инвазија на Полска и да ја почне Втората светска војна.
Номинацијата била од Ерик Готфрис Кристијан Бренд, социјалдемократ во шведскиот парламент. Оваа номинација предизвикала протести и гнев, а Ерик бил обвинет дека е фашист и на крајот му било забрането предавањето во неколку здруженија.

Во писмото упатено до комитетот, Бренд го нарекол фирерот „мировен борец даден од Бога“ и „принц на мирот на планетата“, а книгата на Хитлер, „Мојата борба“, ја нарекол најдоброто и најпопуларно парче литература во светот, изразувајќи уверување дека диктаторот ќе ја „смири Европа, а веројатно и целиот свет“.

Бренд бил антифашист и неговото писмо требало да биде иронично. Како што изјавил во интервјуто за шведскиот весник „Свенска Моронпостен“, тоа било коментар за номинацијата на Невил Чембрлен, тогашен премиер на Велика Британија, за која сметал дека не ја заслужува, а освен тоа имал намера да ги испровоцира Хитлер и нацистите.

Подоцна, во 1939 година, кога почнала војната, тој напишал дека писмото до комитетот било иронично и дека би го закачил Хитлер на ѕидот на срамот како непријател број еден на мирот во светот.

Иако не постоела индиција дека Хитлер ќе ја освои наградата, ќе морал да ја прекрши сопствената наредба во случај да ја добиел наградата. Бесен поради тоа што во 1935 година Нобелова награда добил неговиот критичар Карл фон Осјецки, Хитлер им забранил на сите Германци во иднина да ја прифаќаат ова награда.

Сепак, Нобеловата награда била откажана, а награда за мир во 1939 година не добил никој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *