Светската здравствена организација во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата со Ковид – 19, објави дека ја следи новата мутација на коронавирусот наречена „Mu“ (или Мју, или пак, Ми…)!
Како што пишува Гардијан, СЗО вели дека оваа варијанта има мутации кои можат да укажат на ризик од резистенција на вакцините и ја нагласи потребата од додатни студии за испитување на карактеристиките на овој сој на вирусот.
Моментно загрижувачки се четири соја на Ковид – 19, меѓу кои алфа кој е присутен во 193 земји и делта кој е раширен во 179 држави, додека под надзор се пет други варијанти, меѓу кои е и „Mu“.
Сојот „Mu“ за прв пат е откриен во јануари во Колумбија, а подоцна и во други земји на Латинска Америка, како и во Европа.