Фигурина од типот на „Голема Мајка“ е откриена на неолитскиот локалитет Тумба Маџари во Скопје и денеска беше промовирана. „Големата Мајка“, која датира од Младо камено време (неолит), ВИ милениум пред нашата ера (пред 8.000 години), беше откриена во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во 1981.
Овој локалитет, како што најави министерот Зоран Љутков, наскоро ќе биде прогласен за културно наследство и како дел од урбано Скопје повидливо ќе се стави и во функција на културниот туризам.
„Новооткриената фигурина, заедно со уште една амфора, се значајни предмети кои ја збогатуваат ризницата на раритетни откритија на тлото на државата и даваат посебна ексклузивност на македонската археологија, историја и култура.
Веќе е изготвен Елаборат за валоризација на локалитетот и Министерството за култура и туризам ќе даде силна поддршка во заштитата на културното наследство како наш врвен приоритет“, рече министерот Љутков и најави дека вгодина, ќе бидат зголемени минималните средства кои годинава се определни за поддршка на археолошките истражувања на локалитетот.