Куба ја почнува завршната фаза на испитувањето на две вакцини што ги разви против Ковид – 19 и кои во разни фази на тестирањата покажале силен имунолошки одговор, пишува британски Financial Times.
Едуардо Мартинез, претседателот на државниот фармацевтски конгломерат БиоКубаФарма, кој го надгледува развојот на вакцините, им изјави на новинарите во Хавана дека илјадници луѓе учествувале во испитувањето на нивните вакцини Соберана 2 и Абдала без да имаат сериозни нус појави.