Сутерен.мк

Нови горива пронајдени на Месечината

Новиот минерал од Месечината е пронајден во честички од лунарен базалт кој се истражува во лабораториите во Кина. „Чангезит – (Y)“ наречен по кинеската митолошка божица на месецот, Чанг’е, е фосфатен минерал и столбест кристал.

До ова откритие дошле научниците од Пекиншкиот истражувачки институт за геологија кои пронашле еден кристал „Чангезит – (Y)“ користејќи дифракција на рендгенски зраци додека ги проучувале честиците собрани на Месечината.

Кинезите тврдат дека новооткриениот минерал содржи „хелиум-3“, изотоп кој многу научници го прогласиле за идеално гориво за реактори за фузија, па затоа откритието на кинеските научници предизвикало голем интерес на геолозите со оглед на тоа дека се верува дека „хелиум-3“ има потенција да го промени светот.

Научниците уште од програмата „Аполо“ знаеле дека површината на Месечината содржи „хелиум-3“. Главна предноста на фузијата на „хелиум-3“ во однос на фузијата со трициум и деутериум, изотопи од водород, е тоа што не создава радиоактивни неутрони. Неговиот главен недостаток е што постигнувањето на контролирана реакција со „хелиум-3“ е многу потешко отколку со користење на конвенционални горива.

Токму затоа не е чудно што светските сили повторно развиваат вселенски програми за враќање на Месечината – наука, трговија, но и престиж кој се претвора во мека политичка моќ. Меѓутоа, откритието на кинеските научници за постоењето на „хелиум-3“ носи до заклучок дека Месечината од средината до крајот на 21-виот век би можела да стане идниот „Персиски залив“.

Чистата и масовна фузиска енергија би го променила светот на начин кој одвај може да се предвиди. Секако, останува проблемот технологијата за фузија на хелиум-3 да се совлада, и веројатно нема да стане реалност пред средината на овој век.

Затоа изгледа дека и Месечината наскоро ќе стане бојно поле на големите сили, бидејќи земјата која ќе го контролира изворот на енергија кој ќе ја одржува технолошката цивилизација, а ќе ја заштити планетата од климатските промени, ќе ја контролира цела земја.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *