Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во околината на Бор во источна Србија, влезе во третиот ден
Малата Данка Илиќ (2) која се води за исчезната од вторникот, 26 март, од кога околу 13 часот се губи нејзиниот траг во Бањско поле кај Бор, сè уште не е пронајдена. После 27 часа полицијата ја прекина теренската потрага поради нивното верување дека девојчето не се наоѓа на површината од 10 квадратни километри каде што истрагата беше водена.
Полицијата го земала мобилниот телефон на Ивана Илиќ, мајка на исчезнатото девојче за понатамошно испитување.
Полицијата тоа го направи како дел од пошироката истрага за сите контакти на семејството на исчезнатата Данка Илиќ и нивните врски. Податоците од телефонот на мајката можат да помогнат да се откријат нови детали или луѓе од значење за истрагата.
Покрај анализата на телефонот на Ивана, мајката на Данка, двата родители биле однесени во полициска станица на разговор за исчезнувањето на нивната двегодишна ќерка, но тоа не значи дека се осомничени или обвинети за кое било дело.
После прекинот на теренската потрага за исчезнатата Данка Илиќ, полицијата води детална проверка на базните станици околу Бањско поле за да ги провери податоците на мобилните телефони во околината, како би се утврдило движењето на луѓето во околината и периодот кога исчезнала Данка.
Останува нејасно како девојче старо само 22 месеци успеало толку брзо да избега од вниманието на возрасните среде бел ден.