После речиси осум месеци без ниеден смртен случај на Нов Зеланд почина 90-годишна жена од коронавирусот, која е и 27-та личност во оваа земја, жртва на пандемијата!
Жената била со коморбидитети и починала во болницата во Окланд, а ја заразил член од семејството.
Во Окланд каде што на сила се многу строги мерки против Ковид – 19 после шест месеци беше регистриран прв случај на заразата.
На Нов Зеланд вакцинирани се околу дваесет проценти од населението.