„Квин“ во четвртокот објави повторно откриена песна со Фреди Меркјури, прва нова песна на култниот рок-бенд со веднаш препознатливиот вокал на покојниот фронтмен, која излегува по повеќе од осум години.
Гитаристот Брајан Меј и тапанарот Роџер Тејлор први им кажаа на фановите за постоењето на Фаце Ит Алоне во текот на едно интервју летото.
Песната првично била снимена во доцните 80-ти на сесиите за хит-албумот Тхе Мирацле, но не била објавена.
Продукцискиот и архивскиот тим на „Квин“ ја нашла повторно кога почнале да работат на претстојното реиздание на албумот, планирано за ноември.
„Некако ја заборавивме на оваа песна“, рече Тејлор. „Но, тука беше, овој мал скапоцен камен. Прекрасно е, вистинско откритие. Ова е многу страсно парче“.