Сутерен.мк

Новости на Твитер

Многумина се жалеа дека им треба копче за уредување на објавите на социјалната мрежа Твитер, но Џек Дорси, поранешниот прв човек на овој микро блог, упорно одбиваше такво нешто.

Кога на први април Твитер твитна најава за Едит опција, сите тоа го сфатија како шега.

Меѓутоа, платформата има нов лидер, а се чини дека влијание имаше и Илон Маск, кој купи дел од компанијата Твитер и веднаш направи анкета за копчето, но никој не претпоставуваше дека ќе се појави веќе на шести април. Сепак, мрежата тврди дека на оваа функција работи од минатата година и дека тоа нема никаква врска со твитот на Илон Маск.

Копчето за уредување Твитер го објасни со видео, како што обично прави за сите важни известувања што треба да ги сподели со јавноста и корисниците.
Опцијата Едит ќе биде овозможена само за верификуваните профили на Твитер, односно оние со сина налепница, на кои луѓето најмногу им веруваат. Тестирањето ќе се спроведува во текот на следните неколку месеци од повратните информации, но и од реакцијата на заедницата. Што ќе рече, од корисниците ќе зависи степенот до кој ќе биде овозможено уредувањето и дали воопшто ќе се задржи, а доколку има злоупотреби Твитер ќе го отстрани.

Твитер Едит со години е најбараната опција, најмногу поради печатни грешки, а овозможувањето за корисниците започнува од денот на објавувањето и ќе биде достапно за сите верификувани профили до крајот на април, доколку сѐ оди според планот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *