Сутерен.мк

Нов, пострашен вид на коронавирусот!

Научниците предупредуваат дека почнува да се шири нов вид на Ковид-19 со голем број мутации кои би можеле да ја пробијат стекнатата заштита добиена со прележување на болеста или вакцинирање и поради тоа, да предизвикаат нови бранови на пандемијата!


Со геномското секвенционирање се потврдени само 10 случаи на оваа варијанта на вирусот во три земји, но овој сој предизвика сериозна загриженост помеѓу некои истражувачи, бидејќи бројните мутации можат да му овозможат на вирусот да го заобиколи имунитетот, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

Варијантата Б.1.1.529 има 32 мутации во протеинот шилец (спајк), кој е дел од вирусот којшто повеќето вакцини го користат за да го подготват имунолошкиот систем за борба против коронавирусот.
Оваа варијанта за првпат беше забележана во Боцвана, потврдена во три случаи, а уште шест се потврдени во Јужна Африка и еден случај во Хонг Конг.
Новиот сој на коронавирусот кој има „екстремно голем број“ мутации може да предизвика нови бранови на болести, заобиколувајќи ги одбранбените механизми на телото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *