Сутерен.мк

Скандали во Токио!

Поради шега за холокаустот направена во 1998 година, организаторите на Олимписките игри во Токио го отпуштија режисерот на церемонијата на отворањето, Кентаро Кобајаши!

Кобајаши се извини и наведе дека скечот што тогаш го напишал (каде што вели „ајде да си играме холокауст“) имал непримерна содржина.

На почетоков на неделава композиторот кој работеше на свеченото отворање на летните ОИ, Кеиго Ојамада мораше да поднесе оставка, откако на социјалните мрежи се појавија обвинувања дека во детството ги малтретирал училишните другари.

Игрите ќе започнат овој петок, во 12 часот, без присуство на публика поради пандемијата со коронавирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *