Сутерен.мк

Објавена мапа на најмногу НЛО појави

Американската влада не сака да открива никакви податоци за НЛО, но сега американското Министерство за одбрана направи чекор кон поголема транспарентност и ибјави документ кој ги открива жариштата на НЛО во светот. Таа мапа, која се базира на извештаи во периодот од 1996 до 2023 година, ги открива подрачјата со најголем број забележани неидентификувани летачки објекти во светот.

Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за решавање аномалии во сите домени во Пентагон, призна дека широко се распространети забележаните „метални топки“ и истакна дека имаат интригантен начин на движење во воздухот.

Откриената мапа укажува на жаришта на НЛО во Нагасаки и Хирошима во Јапонија, на источниот и западниот брег на САД, посебно во Калифорнија, како и во делови од Блискиот Исток, вклучувајќи ги Ирак и Сирија. Во Јапонија наведениот регион се смета за жариште. Тие градови без цел на американските нуклеарни напади во 1945 година.

Уште едно јапонско жариште е градот Иномачи во префектурата Фукушима, кој често се нарекува град на НЛО. Иномачи е и дом на Меѓународната лабораторија за НЛО, која е основана во 2021 година и ја води ентузијастот за вонземјани Такехару Миками. Во јуни годинава таа лабораторија објави фотографии од „веројатни НЛО“, добиени од 494 извештаји примени во текот на годинава.

Мапата на американското Министерство за одбрана е дел од документ од 5 страници, достапен на новата веб страница на Одделот за НЛО основан во јули минатата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *