Сутерен.мк

Овации за новиот филм на Скорсезе

Публиката во Кан со деветминутeн аплауз ја поздрави премиерата на новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе, „Убијци на Цветната месечина“. Филмот е за сериските убиства на богати нафташи членови на „Нацијата Осејџ“ во 1920-тите во Оклахома.

Во него играат Ди Каприо, Де Ниро, Лили Гледстон, Џеси Племонс, Кара Џејд Мајерс, Џана Колинс, Џилијан Дион и Танту Кардинал, а адаптирано е од најпродаваната книга на Дејвид Гран. Сценариото е на Скорсезе и Ерик Рот. Имаше критика за должината на филмот од 4 часа, но во целина е добро прифатен.

Беше прикажан надвор од конкуренција, иако директорот на фестивалот Тиери Фремо рече дека испратил покана за учество во трката за Златна палма. Кинопремиерата е на 6 октомври и на 20 октомври во САД, а во Франција ќе се прикажува од 18 октомври. Низ цел свет ќе оди на стриминг платформата „Епл ТВ+“.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *