Сутерен.мк

Одложен и „Оскар-от“

Номинациите за најпрестижната американска филмска награда, Оскарите, се поместуваат речиси една недела подоцна од првичниот датум поради пожарите во Калифорнија.

Номинациите ќе бидат објавени на 23 јануари, соопшти денеска Академијата за филмски уметности и науки, што ги доделува Оскарите.

Поради пожарите што се уште се активни низ Лос Анџелес, филмската академија исто така го продолжи периодот на гласање за номинации до петок.

Доделувањето на наградите за научни и технички награди, кое претходно беше закажано за 18 февруари, ќе се одложи.

Доделување на Оскарите (97-мо по ред) ќе се одржи на 2 март во театарот Долби.

Номинациите за Оскар беа одложени во 2021 година за време на пандемијата со Ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *