Сутерен.мк

Од бездомничка до милионерка

Жената потекнува од сиромашно семејство со еден родител наркоман, а уште како дете била изложена на физичко и на сексуално насилство.
Дени Џонсон на 17 година и самата останува бремена, а 4 години подоцна го напушта родното место и заминала на Хаваите, каде се вработила како келнерка.

Во почетокот живеела мизерно, престојувала во нејзиниот автомобил и била зависник од кокаин и алкохол. Тоа ја довело до самото дно. Била подготвена и на проституција за да дојде до дрога. Се чуствувала депресивно и безнадежно, се до Бадник 1990 година кога конечно решила да си го одземе животот. Отишла до брегот на океанот со намера да се удави, но во последен миг се предомислила и се откажала од таквата идеја.

Следното утро кога се разбудила случајно забележала леток со реклама за програма за слабеење. Се јавила на бројот на летокот со намера да ја вработат како нивни застапник, но бидејќи немала пари за почетен капитал, а ни потребна дозвола, нејзиното барање било одбиено.

Тогаш решила самата да почне да „продава“ програми за слабеење. Изработила летоци и ги растурила низ градот. По само три часа веќе добила нарачки во вредност од 4.000 долари, за една година заработила 250 илјади долари, за две веќе еден милион.

Денес работи како мотивациски предавач и пишува книги. Во меѓувреме и се омажила и има пет деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *