Американските разузнавачи минатиот месец објавија проценка на ситуацијата во Русија, во која се наведува дека рускиот претседател Владимир Путин во април се лекувал од рак во напредна фаза.
Ова наводно го потврдиле тројца високи разузнавачи кои ги виделе извештаите. Додаваат и дека во март имало обид за атентат врз рускиот претседател.
– Стисокот на Путин е силен, но веќе не е апсолутен – рекол еден од разузнавачите кој имал увид во извештаите.
Тој истакнува дека работите во Кремљ веќе не се мирни. Тројцата разузнавачи предупредија дека изолацијата на рускиот претседател им отежнува на американските разузнавачи попрецизно да го проценат статусот и здравјето на Путин.
Инаку, од почетокот на руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари, се шпекулира за здравствената состојба на Путин. Бројни медиуми објавија дека рускиот претседател е смртоносен болен, пренесуваат медиумите.