Сутерен.мк

Омразени воркохолици

Си ја сакам работата и сум и посветена максимално. Меѓутоа забележувам дека колегите не гледаат добронамерно на оваа моја пожртвуваност. Ни замеруваат дека се правам важна и дека сакам да ги омаловажувам со својата работливост. Навистина не разбирам од кога тоа некој кој е вреден стана проблем? Слушам оговарања дека се преценувам и дека имам огромна желма за моќ и слично…
Прада

Прада дарлинг, разликата помеѓу вредниот човек и работохоличарот е во тоа што воркохоликот на одмор сонува за враќање на работа, а вредниот на работа сонува за одмор.

Воркохоличарите обично, први доаѓаат на работното место, а си одат последни, зашто сакаат се да држат под контрола. Меѓутоа, во суштина, многу малку сработуваат и не се тимски играчи.

Напливот на вакви п(р)ојави е до толку зголемен што во Америка веќе се основаат групи „Анонимни работохоличари“ што ќе рече, светот доби нови зависници.

Интензивна желба за моќ имаат оние луѓе кои не поднесуваат дека мора да се придржуваат на општоприфатениот „општествен договор“. Тие се „добри и послушни“ само затоа што се плашат од казна, ако постапат поинаку, а во суштина, станува збор за социопати кои копнеат да се најдат на моќна позиција и никој ништо да не им може.

Преиспитајте ги своите постапки. Олабавете малку.

Среќата не зависи ниту од моќта ниту од парите. Таа се случува кога престануваме да трчаме по неа…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *