Сутерен.мк

Ослободен уапсениот за „бомбите“

Од Обвинителството соопштија дека нема никаква поврзаност меѓу уапсениот Никола Николовски и алармите за бомби во средните училишта.

„Во текот на минатата ноќ со инструкции од јавен обвинител извршени се сите неопходни дејствија со цел да не се држи дополнително лицето. Имајќи превид дека првичните вештачења не покажале поврзаност на лицето со испратените пораки, лицето по распитот било пуштено на слобода“, порачаа од Обвинителство.

Николовски кажа дека со часови го држеле во полиција. Вели дека слободната мисла е повредна од секоја закана, притисок и уцена. Тој порача дека нема да го замолчат. Вчера тој беше уапсен, а потоа и ослободен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *