Среќата е релативна работа, но постојат некои карактеристики што се заеднички за личностите кои се навистина среќни, иако можеби не им изгледаат како такви на површните набљудувачи, а тоа се следните…
Гордост на постигнатото
Можеби звучи арогантно, но ова всушност, значи дека луѓето кои се горди на она што го имаат постигнато и што станале во животот, се чувствуваат удобно во својата кожа и не жалат по било што. Тие го избрале својот пат и ги реализирале своите цели, иако истите можеби не се валидни за другите. Но, ним мислењето на другите луѓе не им е битно, туку колку правеле компромиси со себеси.
Интерес за сегашноста
Вистински среќните личности со мислите и зборувањето не се враќаат често во минатото, не фантазираат за иднината која никако да дојде, туку се фокусирани пред се, на денешнината и се трудат максимално да го искористат секој ден што им е даден.
Отсуство на љубомора
Кога ќе го достигнеме стадиумот многу малку или воопшто да не се споредуваме со другите луѓе и на туѓиот успех да му се радуваме како и на сопствениот триумф, можеме да кажеме дека сме среќни и задоволни од сопствениот живот.
Барање решенија
Животот на секого му носи препреки. Како се однесуваме кон нив, одредува дали ќе бидеме среќна или несреќна личност. Доколку и се препуштаме на депресијата и резигнирано ја прифаќаме улогата на жртва, свесно или несвесно, ја намалуваме шансата за радост. Од друга страна, ако на проблемите гледаме како на предизвик и никогаш не се предаваме, ние правиме голем чекор кон среќниот живот, дури и ако не сме успешни во секој обид.
Отвореност за промени
Без промени нема личен пазвој. Времињата се менуваат, па „рецептот“ за среќа не мора да биде ист секоја година. Некои „правила“ важат секогаш, но за други ни треба флексибилност и способност за прилагодување на новите околности. Среќните луѓе се отворени за промени.