Поради корупција и финансиска проневера наследникот на Самсунг, Ли Џеи – џонг, осуден е на двеипол години затвор.
Ли е официјално потпретседател на Самсунг Електроникс, но всушност е шеф на конгломератот. Обвинувањето е од 2015 година, а ова е повторно судење во Вишиот суд во Сеул, кој го прогласи Ли за виновен за подмирување на тогашната претседателка на Јужна Кореја и нејзини блиски соработници.