Научниците веруваат дека го откриле најмалиот влекач на светот – подврста на камелеонот и тоа во Мадагаскар.
Германско – мадагаскарската експедиција пронајде два примероци на Брикезија нана или нано камелеон, чиј мажјак е долг само 13, 5 милиметри. (Женката е нешто подолга.)
Инаку, до сега се познати 11 500 видови, а овој е најминијатурниот.