Ставете ги прстите на задниот дел од образите и стиснете ги забите. Ќе забележите напнат мускул кој полека се опушта. Тоа е масетерски мускул, најважниот мускулен дел на вилицата. Учебниците по анатомија традиционално го опишуваат масетерскиот мускул како дел од телото кој се состои од два слоја: површен и длабок. Но, група научници од Швајцарија велат дека откриле дел од мускулот на вилицата кој досега бил незабележан!
Резултатите од нивното истражување покажуваат дека постои уште еден и подлабок, трет слој на масетерскиот мускул, инаку многу важен во процесот на џвакањето.
„Иако се претпоставува дека анатомските истражувања во изминатите 100 години откриле речиси сè, она што ние го направивме е исто како кога зоолозите ќе пронајдат нов вид на ‘рбетници“, рекол професорот Јенс Кристоф од Универзитетскиот центар за стоматолошка медицина во Базел.
Ова откритие е важно за стоматолозите и за хирурзите, бидејќи укажува на тоа дека масетерскиот мускул е формиран и дека се однесува поинаку отколку што се мислело досега.
Освен тоа, вели специјалистот, истражувањата покажуваат дека научниците сè уште целосно не го проучиле човечкото тело.