Викторија Кјер Тилвиг од Данска е крунисана за Мис Универзум за 2024 со што стана првата Данка што некогаш победила на натпреварот.
21-годишната танчарка, претприемач и адвокатка, победи во конкуренција од 120 други учеснички на изборот за убавина што се одржа на 16 ноември во Мексико.
Родена е во 2004 година во Грибсков, регион на главниот град на Данска, а пораснала во мирно предградие на Копенхаген. Подоцна се преселила во градот за да го продолжи своето образование и кариера. Посетувала средно училиште, а потоа дипломирала маркетинг.
Нејзиниот претприемачки дух и овозможи да се пробие во индустријата за накит, специјализирана за продажба на дијаманти. Убавата Викторија го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, планира да стане адвокат, а исто така е страстен застапник за заштита на животните и ментално здравје.
Во октомври, Теа Георгиевска од Куманово беше избрана за Мис на Македонија и ја претставуваше Македонија на светскиот избор на Мис Универзум, но
не влезе во топ 30-те.