Актерката Памела Андерсон по шести пат ги положи брачните заклетви – овојпат за својот телохранител, Ден Хејхурст. (Памела лани се разведе по само шестдневен брак.)
Двојката се венча вчера во нејзината родна Канада, а поради пандемијата, на веселбата имало малку гости. Она што е најизненадувачки е што Памела со раскошната венчаница и превезот на Валентино, на нозете носела гумени чизми!?