Најновите податоци за епидемијата од Ковид-19 во Белгија покажуваат раст на новите случаи, епидемиолозите предвидуваат влошување на состојбата со падот на температурите, пишува МИА!
Стивен Вангихт, епидемиолог од Институтот за јавно здравство на Белгија на прес-конференција порача дека научниците очекуваат забрзување на епидемијата во наредните недели.
– Сѐ повеќе сме внатре, контактите се поблиски и сѐ повеќе настани се одржуваат во затворено, од 1 октомври гледаме и укинување на дел од мерките, како отворањето на клубовите – истакна Вангихт и побара да се продолжи со кампањата на вакцинација која докажа дека дава ефикасни резултати во однос на товарот врз болниците.
Бројот на нови хоспитализации е во благ подем како и бројот на починати.
Епидемиолозите повикуваат на внимателност во услови на ублажени мерки и сѐ постудени температури.