Дека светов е ничкум, оддамна е јасно, а деновиве ни стигна и доказ плус: богатата наследничка на славните хотели ќе готви и тоа јавно?!
После речиси дваесет години откако Парис Хилтон стана светски позната преку реалното шоу „Едноставен живот“, се враќа на ТВ со емисија на Нетфликс.
Како што и самата најави на Инстаграм, во шест епизоди на серијата „Готвење со Парис“, таа ќе покажува „едноставни нови рецепти од нејзината кујна“.
Во емисиите ќе и гостуваат и ѕвезди од шоу бизнисот, а првата ќе се емитува на четврти август на Нетфликс.