Фејсбук с(р)еќавања…
Маж сака пари/моќ само од една причина: за да има што почесто секс.
Жена сака пари/моќ само од една причина: за да нема секс со овој од погоре.
****
Доколку сте ја имале таа среќа да го извлечете добитниот лоз од вреќата глупави мачомени, се ќе си дојде на свое место. Не без малку труд, но не и со преоптоварување.
****
Ми се чуди една Угледна, скопска калаштура:
– Е, зошто само едно дете?!
* А тебе, не ти беше доволно првото?! Мораше и резервно да направиш?
– Барем машко да ти беше?
* Не дарлинг. Вака барем сум сигурна дека внуците се мои. Ти најдобро знаеш за што зборувам.