Сутерен.мк

Парфем од над милион евра

Шумук содржи три литрa парфем и се состои од најдобрите природни состојки од најоддалечените делови на светот. Украсен е со 3571 дијаманти, злато, сребро, бисери и топаз. Шумук е моментално најскапиот и најлуксузниот унисекс парфем во светот, проценет на 1,295 милиони долари.

Лансиран во 2019 година во балската сала Армани во Бурџ Калифа, Шумук е мешавина од состојки како индиско агар дрво, сандалово дрво, мошус, турска роза и неколку други состојки. Асгар Адам Али, познат парфимер од Дубаи, го дизајнираше овој мирис, а го произведуваа реномирани занаетчии и мајстори од Италија, Франција и Швајцарија.

Со кожна витрина висока речиси 2 метри, амбалажата е уметничко дело сама по себе. Основата е украсена со три златни арапски школки и три сребрени школки, секоја со вистински бисер.

Сетот го комплетираат минијатурен глобус со златни континенти и три прекрасни рози во розово злато и дијамантска прашина. Од основата, три мермерни столбови се издигнуваат до златна купола на врвот со златен сокол обложен со дијаманти. Има само едно шише, па затоа е исклучително ретко и скапо и со текот на времето ќе му се зголеми вредноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *