Македонските патарини инкасирале над 53 милиони евра лани сума поголема за 6,6 милиони евра повеќе од 2021 година, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.
Според податоците на државното претпријатие најпрофитабилна била патарината кај Романовце која остварила промет од над 6,5 милиони евра, а потоа патарината кај Миладиновци со над 4,3 милиони евра и Глумово која инкасирала близу 4.2 милиони евра.
Од ЈПДП велат дека учеството на електронската наплата е во пораст и надминува една третина од наплата, онаму каде има можност да се наплатува електронски. Граѓаните и натаму најчесто патарините ги плаќаат во готовина, која опфаќа над 55 отсто од плаќањата.
„На македонските патарини минатата година биле наплатени 6,6 милиони евра повеќе во однос на претходната година. Но и покрај тоа лошата состојба на улиците и крпениот асвалт на локалните и регионалните патишта, им создава дополнителни проблеми на возачите.“
Откако на самитот во Охрид беше договорено да се воспостави единствен систем за електронска наплата помеѓу Македонија Србија и Албанија, во тек е постапката за техничко и финансиско усогласување за спроведување систем за наплата преку кој возачите патарината ќе ја плаќаат електронски, со уникатен ТАГ уред, кој има цел да го олесни протокот на возила на наплатните рампи.