Сутерен.мк

Викенд рецепт: Паштета од скуша

Иако Мечката мрази риба (сака мармалад од портокал), понекогаш, пескатеријанците кои извршуваат десант на Каза Бангл бараат подготовка на омразените риби во мали, декоративни садови! (Бљак).
Послужено на тост без глутен, ова рибно уживање може да се направи неколку дена однапред и да се чува во фрижидер (па е уште повкусно од денот кога е направено)! Гостите ќе бидат воодушевени, а Мечката скриена да не ги гледа како јадат!

Состојки
– 2 филети скуша (250 г)
– Едно крем сирење (250 мл)
– Малку павлака за готвење (50мл)
– 100 мг несолен путер
– Неколку гранчиња копар
– Сол и бибер по вкус
– Кајен пипер

Чекор по чекор
– Излупете ги филетите од скуша (кожите се вадат брзо и лесно).
– Месото издробете го ситно со вилушка.
– Загрејте го пакетот крем сирење во малку топла вода.
– Истурете го врз рибата и додадете павлака за готвење.
– Мешајте додека не добиете прекрасна паштета, конзистентност на лесен мајонез.
– Зачинете по вкус.
– Во тенџере растопете го путерот (кој кога ќе се стврдне во фрижидерот и ќе се претвори во магична коричка).
– Прелијте одозгора.
– Додадете неколку гранчиња копар.
– Посипете со кајен пипер.
– Ставете во фрижидер преку ноќ.
– Послужете со тост без глутен и гледајте како дивеат рибојадците!

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *