Сутерен.мк

Паѓање во несвест

Фејсбук с(р)еќавања…

Не е неопходно да бидеш богат и славен за да си среќен. Доволно е само да си богат.
Еве, ние со секое гласање усреќуваме илјадници луѓе.

****
Имаш луѓе за една и за ич, употреба.

****

Секоја промена поминува низ фази:
* Ентузијазам.
* Компликации.
* Разочарување.
* Барање виновници.
* Казнување на невините.
* Наградување на оние кои не направиле, ама баш ништо.

****

Нас дебелите не следат органите на Горење.

****

Може со право си малку лут. А можеби и си само прав, голем сељак.

****

До сите другар(к)и и сојузници во полето на културниот натпревар меѓу масите: кога ќе ве прашам како си поминавте синоќа, да не чујам веќе изрази како – се сторив флека, ошав, љуле, ќор, чекутка, мортус, лом, ќутук, дрво, летва, ѓон, свирче…
Туку ќе одговорите: „Опуштено и релаксирано. Толку се испоопуштивме, по што нормално, онака тотално олабавени и најизнарелаксирани се – онесвестивме.“

****

Тоа холивудските филмови ептен, ве уфилмале: не бе дечки, не е поентата секоја прилика да ја грабнете туку, да знаете која да ја одбиете.
После, паѓате во несвест?! Па, ќе паѓате…

****

Животот во Македонија: Секое утро се будиш во се полоша верзија на себе си.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *