Во 2016 година, актерот Том Хенкс објави фотографија со автомобилот Фиат 126р во Будимпешта, каде што престојувал работно. Тоа било доволно да го привлече вниманието на жителката на Бјелско-Бјала и негова обожавателка, Моника Јасколска…
Познато е дека „пеглата“ е еден од симболите на полската автомобилска индустрија, имајќи предвид дека овој мал автомобил е произведен од полски Фиат, токму во местото каде што живее обожавателката на познатиот актер.
Кога Јасколска го видела Хенкс како се фотографира со „пеглата“ во Унгарија, започнала широка кампања за да го купи и да му го подари автомобилот.
Хенкс бил пресреќен и донирал голема сума на пари во болницата во која работела Јасколска.
Сега Хенкс го донира истиот Фиат 126р за финансирање на хуманитарна кампања.
Тековната понуда е 57 000 долари, што е веројатно историски рекордната цена за Фиат 126р.