Шаманите од Перу дадоа прогноза за тоа што ќе се случува во 2023 година.
Велат дека мирот меѓу Русија и Украина е можен.
„Сѐ ќе се смири. Мирот, мир ќе дојде. Тоа го видовме“, изјави шаманот Клеофе Седано, предвидувајќи дека во август ќе биде потпишан мировен договор.
Но, велат дека ќе има и повеќе природни катастрофи.
„Следнава година ќе има земјотрес, но не во главниот град на Перу, на друго место – во странство, во северниот дел на Америка, што би можело да биде САД… Ќе има многу трагедии, главно климатски“, изјави шаманот Волтер Аларкон.
Тие претходно ја предвидеа победата на Доналд Трамп на изборите за претседател во САД.
Лани рекоа дека и во оваа 2022 година коронавирусот ќе остане меѓу нас, но ќе биде поблаг. Шаманите секоја година во декември ги прават истите ритуали.