На 13 ноември, во периодот од 16:00 до 19:00 часот, Скопје Сити Мол со задоволство ги
отвора своите врати за Хуманитарниот базар на учениците од Основното општинско
училиште „Петар Поп Арсов“.
Под мотото „Петар Поп Арсов, љубов голема,“, овој настан е вистински пример за заедништво, креативност и свесност дека хуманитарните дела придонесуваат кон за подобро општество за сите.
Учениците со посветеност и ентузијазам подготвија разни рачно изработени производи кои што ќе бидат достапни за сите посетители, а собраните средства ќе бидат насочени во хуманитарни цели. Секој производ раскажува приказна за нивната посветеност и стремеж кон за помагање и придонес кон заедницата, што ќе овозможи секој купувач да стане дел од нивната благородна мисија.
Освен продажбата на ракотворби, базарот ќе биде збогатен со посебни настапи на учениците од оваа училиште, кое е во непосредна близина на Скопје Сити Мол.
Училишниот хор ќе ги развесели сите присутни со свои музички изведби, како и танцувачките перформанси на учениците кои што ќе создадат забавна, топла и пријатна атмосфера.
Скопје Сити Мол, како верен партнер на локалната заедница и општествено одговорна компанија, со гордост го поддржува овој настан и ги охрабрува сите свои посетители да дојдат и да се вклучат во оваа хумана мисија на учениците од ООУ „Петар Поп Арсов“.
Со секое купување, посетителите не само што ќе добијат уникатни ракотворби, туку и ќе направат значаен чекор кон подобрување на животите на оние на кои тоа им е најпотребно тоа.